Back to events
Ана и Игор Дурловски - Завет
Concerts

Ана и Игор Дурловски - Завет

Спортски центар Јане Сандански, Skopje

Ана и Игор Дурловски – Завет Два светски гласа – еден Завет: Ана и Игор Дурловски со свој најголем концерт досега во Македонија! Пасворд Продукција има особена чест да го најави и организира најголемиот концерт досега на двата најголеми оперски гласа кои Македонија му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“, Ана и Игор Дурловски, придружувани од 100 македонски музичари од големиот симфониски оркестар „Ајга“ и нивните пријатели ќе приредат ексклузивна концертна вечер во која ќе се спојат безвременските теми од филмската музика, ремек-делата од оперскиот репертоар и богатството на македонското музичко наследство – сите во комплетно нови аранжмани. Низ двочасовниот концерт, Ана и Игор премиерно ќе ви презентираат дела преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а со музичка поддршка на 100 музичари под диригентската палка на диригентката Ана Спасовска. Ќе пропатуваме заедно низ светот на филмот, од Shallow, Parla piu’ piano и The Book of Love, до оперската класика Кармина Бурана, за повторно да ве вратат дома до легендарниот Тоде Новачевски и темата од Tрст виа Скопје, па на крај сите заедно да си спомнеме за “Дејгиди луди млади години”. За крајот на 2026-та еден е изборот, ЗАВЕТ – „од светот до изворот“. Настан што не се случува секој ден, светски спектакл со она што Македонија го има како најдобро, ЗАВЕТ со македонски уметници на македонско тло!

Address
ул. АСНОМ, Аеродром, Скопје
Source
Ticket site ↗Details were read from here. Check with the venue before you travel.