
БОЈАН ВЕЛЕВСКИ - CHAT GPT и МАКЕДОНЦИТЕ
Ресторан Парк, Skopje
Додека светот се прашува дали вештачката интелигенција ќе нè замени, кај нас прашањето е многу посериозно: дали Chat GPT ќе издржи со Македонците? Народ што може да смисли флаер со "најдобрата понуда за Задушница е кај нас", нема што да се плаши од вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција треба да се плаши од него. Реално! "Chat GPT и Македонците" е стенд-ап шоу за најмодерната технологија на планетата и за народ што сè уште верува дека секој проблем може да се реши со бајачка. Најпаметниот систем на светот од една страна, а од друга страна — Македонецот со кладилницата, политиката, депресијата што можеби не е депресија, туку е од "урочено" или "нагазено"… и народ што дури и кога бара помош, прво прашува: "Паркинг има ли таму?" Маестрален текст на Бојан Велевски во соработка со Божидар Божиновски. Финалето на големата турнеја е во Ресторан Парк - Ragusa Group. 17.11. 20ч. Напомена: Салата е организирана како театарско гледалиште и нема ресторанска услуга.
- Address
- Ресторан Парк
- Source
- Ticket site ↗Details were read from here. Check with the venue before you travel.