
Мјузикл Као Какао 12 декември
Македонски народен театар, Skopje
ПРИКАЗНА РАСКАЖАНА НИЗ ПЕСНИТЕ НА ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА Скопје, седумдесеттите. Генерација што сака да успее, да сака и да остане своја — во време што не ѝ дава многу простор за тоа. „Као Какао“ е мелодрамска љубовна приказна во која 19 препознатливи композиции на Влатко Стефановски добија нови аранжмани, специјално подготвени за оваа продукција. Во свет полн со амбиција, љубов, пријателства и потребата за лична слобода, ликовите се движат помеѓу сопствените соништа и ограничувањата на времето во кое живеат. Нивните животи се обликуваат низ судирите со системот, со околината и со изборите што постепено ги менуваат. Продуцент: Баги Комуникации Ко-продуцент: НУ Македонски народен театар Режисер: Дејан Пројковски Текст и драматургија: Венко Андоновски Музика: Влатко Стефановски Музички аранжмани и оркестрација: Бобан Мирковски Кореограф: Олга Панго Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Марија Пупучевска Визуелен идентитет: Марко Мандичевски Вокален тренер: Ана Костадиновска Актерска екипа: Владимир Петровиќ, Катерина Јовановиќ, Нина Елзесер, Стефан Спасов, Ања Митиќ, Григор Јовановски, Рубенс Муратовски, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов/Предраг Павловски, Тања Кочовска, Дениз Абдула, Јована Спасиќ, Антонио Ташковски, Јована Миладинова, Анастасија Трајковска, Димитар Паскоски, Анастасија Митровска, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Ѓорге Нешковиќ Оркестар: Стефан Петановски — гитара, Бобан Мирковски — пијано, Јан Стефановски — тапани, Виктор Николовски — бас, Андреј Бошковски — гитара, Милена Тодороска Мургоски — виолина, Верица Ајтовска — виола, Петар Поповски — виолина, Љупка Каевиќ — виолончело, Владан Дробицки — тромбон, Александар Златески — труба, Нинослав Димов — баритон саксофон, Ана Костадиновска — беквокал Овозможено од Триглав Осигурување Македонија и Шпаркасе банка Поддржувач: Тиквеш Пријатели: Фешн Груп Поддржано од: Министерство за култура и туризам
- Address
- Иљо Војвода 3, Скопје
- Source
- Ticket site ↗Details were read from here. Check with the venue before you travel.